| четврток, 6 декември 2018 |

За три месеци, четврта смрт во порно бизнисот

Порно актерката Оливија Нова, која се сметаше за ѕвезда во подем во порно индустријата, била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лас Вегас. Причината за смртта е непозната.

Нова имала само 20 години и таа е четвртата порно актерка која почина во изминатите три месеци.

Веста ја потврдиле од порнографската агенција ЛА Дајрект моделс, објавувајќи дека смртта на Оливија ги шокирала.

– Неодамна почнавме да соработуваме. Сите ја засакавме, а како и нема. Таа беше преубава девојка, многу пријатна и нежна личност – напишал агентот на покојната актерка.

Оливија во порно филмови почнала да глуми лани, а од својата 12 година се занимавала со манекенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top