Обилните празнични трпези ги обожаваме, но нашиот дигестивен тракт на кој му се потребни влакна, тоа не го поднесува баш најдобро. Еве како да му помогнете.
Ви претставуваме три комбинации кои ќе помогнат вашиот организам нормално да работи.
Млака вода и лимон
Во чаша млака вода исцедете цел лимот и испијте го. Овој напиток може да го консумирате и превентивно и така ќе спречите проблеми во стомакот.
Маслиново масло и лимон
Земете лажичка маслиново масло, која по желба можете да ја разблажите со природен сок од лимон. Овој домашен лек за поттикнување на варењето, најдобро е да го консумирате наутро или неколку часа после оброкот.
Сода бикарбона и млака вода
Во чаша млака вода ставете пола лажичка сода бикарбона и промешајте. Оваа комбинација веќе со генерации е позната како сојузник против болките во стомакот, но важно е да се напомене дека треба да се користи само фармацевтска сода бикарбона без алуминиум, која можете да ја купите во аптеките и продавниците за здрава исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.