Официјално е! Џеф Безос е најбогат човек на сите времиња, бидејќи неговото богатство достигна неверојатни 105,5 милијарди долари.
Поголемиот дел од неговото богатство доаѓа од Амазаон, акциите на компанијата вчера пораснаа за 1,4 отсто и додале 1,4 милијарди долари во џебот на Безос.
Иако е најпознат по основање на компанијата Амазон, како и други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на Вашингтон Пост и Блу Оринџ,компании кои се занимаваат со приватни патувања во вселеента.
Иако заработил невидено богатство, вели дека не го покренал Амазон само за да се збогатио.
-Знаев дека нема, кога ќе наполнам 80 години да жалам поради сето ова. Би зажалил да не пробав да учествувам во таа работа која се вика интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто големо – рекол Безос во едно интрвју пред неколку години.
Богатството на Безос во 2017 година се зголемило за 32,6 милијарди долари, што е најголем пораст во историјата на Блумберговиот индекс на милијардери на кое второто место го држи на Бил Гејтс со 89,1 милијарди долари.
Со зголемување на богатството основачот и шефот на Амазон се поставува прашањето што ќе стори со парите. За разлика од Гејтс или Ворен Бафет, Безос досега се откажа од релативно мал дел од богатството во корист на сиромашните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст