| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како Тифа го удрил Ален во глава, а тој му вратил со шутирање (фото)

Како што се пишуваше утрото после инцидентот, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ,се степаа во стариот град во Будва, после настапот на Бјело Дугме.

Како што пишуваа медиумите на први јануари, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа физички се пресметаа откако заврши концертот на Бјело Дугме во Будва, во ноќта на 31 декември.

Иако од повеќе страни беше потврдено дека до тепачка дошло и било жестоко. Ален и Тифа демантираа дека тоа се случило, а истото го направи и менаџерот на Бјело Дугме, Адис Гојак.

Меѓутоа, неделникот Скандал дојде до ексклузивна снимка од оваа пресметка, на која јасно се слуша како Ален и Тифа пцујат, а потоа и како Тифа со глава го удира Ален, кој потоа му враќа со шутирање.

Инаку, менаџерот на групата кажа дека Тифа при симнувањето од бината се лизнал, а дека Ален стоел и го подбутнал, како и дека почнал да пцуе, што е нормално.

Од друга страна, Ален призна дека не е во добри односи со Тифа, но повторно тврдејќи дека до тепачка не дошло.

-Тоа се глупости. Работно сме во добри односи, приватно не сме. Немојте да ме прашувате ништо за тоа, навистина не можам да зборувам, кажа Исламовиќ.

-Нема ништо од тоа. Се е тоа празна приказна, кажа Ален за црногорските медиуми.

Меѓутоа, исечоците од снимките го докажуваат спротивното. Погледнете како изгледало тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top