| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери ја почна седницата во празна сала: Нема кворум за Законот за јазици и за уставните судии

Собранието на денешната пленарна седница не успеа да ги изгласа Законот за јазици и новите уставни судии затоа што немаше кворум кај парламентарното мнозинство. Во собраниската сала беа присутни 52 пратеници, а одлуките се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници, односно за Законот за јазици и за уставните судии се потребни 61 глас „за“.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го одложи гласањето за во четврток во 12 часот. Претресот заврши без расправа затоа што ниту еден од присутните пратеници не се јави за збор. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што претходно одлучија, не учествуваа во работата на Собранието.

Седницата денеска почна со два часа задоцнување.

Инаку, за уставни судии претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, ги предложи Осман Кадриу и Дарко Костадиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top