Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се надева оти предложените американски преговори со авганистанското радикално исламско свижење „Талибан“ ќе продолжат по застојот од минатата седмица, но предупреди и дека на новоотворената политичка канцеларија на талибаните во катарската престолнина Доха и се заканува затворање доколку не продолжат мировните преговори. Истовремено, државниот секретар на САД, изјави дека нормализирањето на односите со талибаните може и да не се случи, бидејќи допрва треба да се дознае дали талибаните се подготвени да ја одиграат својата улога во авганистанскиот мировен процес
-Треба да видиме дали можеме да се вратиме на преговорите. Не знам, можно ли е тоа или не. Доколку во краток рок талибаните не донесат решение за да се направи придвижување во таа насока, не е исклучено, да се разгледа прашањето за неопходноста од затворањето на нивната канцеларија, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на прес-конференција во Доха, главниот град на Катар, каде што во саботата учествуваше на конференцијата на групата Пријатели на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.