Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на издадена наредба за претрес.
Спроведен е во координација на ОЈО Скопје со Единицата за недозволена трговија и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
По наредба на надлежен јавен обвинител, пронајдените материи се предадени на вештачење во Одделот за криминалистичко технички испитувања во МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст