Во четири очи, без тендер, ЈСП Скопје купи дизел гориво за градските автобуси. Еден милион и петсотини илјади евра тежи договорот кој ова јавно претпријатие го потпиша со фирмата АЛОВ од Гевгелија, објави Алсат-М телевиизја.
Недостаток на нафта била причината зошто ЈСП одлучило да се договара на ваков начин. Пред две години потпишале договор со кој обезбедиле 15 милиони литри дизел, кој се потрошил пред да истече договорот на 20 месецов. Постојаната промена на цената на горивата е наведена како една од причините зошто се одбрал овој метод. Дневно новите кинески и украински автобуси трошеле речиси 24 илјади литри нафта.
„ Овој недостиг на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе предизвика пречки во редовното функционирање на превозот на патници во јавниот градски и приградски превоз во наредниот период, со што ќе биде оневозможено непречено обавување на примарната дејност на Договорниот орган. Согласно наведеното и со оглед на тоа дека Договорниот орган Не смее да дозволи да се најде во состојба во која не би можел непречено да ја обавува својата примарна дејност и би претрпел значителна економска штета“ – велат од Биро за јавни набавки
Јавното сообраќајно претпријатие паралено со потпишаниот договор за набавка на гориво во четири очи вреден еден и пол милиони евра, распиша и нов оглас за набавка на нафта за следните две години. ЈСП планира да потроши 13 милиони евра или шест и пол милиони евра годишно за нафта за автобусите. Ова јавно претпријатие изминативе години добиваше и субвенции од касата на градот. Лани со одлука на градскиот Совет на ЈСП му беа префрлени речиси 3,5 милиони евра. За 2018-та, новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од буџетот на градот одвои пари за субвенции за ЈСП. Предвидени се половина милион евра повеќе во однос на лани или вкупно 4 милиони евра, доколку во ЈСП зачкрипи и фалат пар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст