Многу истражувања покажуваат дека постојат невидливи контакти помеѓу луѓето и животните. Се верува дека за време на интеракцијата, биолошкото поле на човекот влегува во резонанција со полето на животната сила на здравите животни. Од причина што структурата на внатрешните органи кај цицачите се слични на оние кај луѓето, тие можат да ја впијат негативната енергија од нашите органи.
Сигурно и самите сте го забележале позитивното влијание на енергиите помеѓу луѓето и животните. Многу луѓе тврдат дека мачките чувствуваат кога нивните сопственици се болни и доаѓаат да им помогнат. Мачката е мистериозно животно со волшебни способности, бидејќи веднаш ја ослободува негативната енергија. Кога ќе почувствува дека сопственикот зрачи со негативни вибрации, таа му ја враќа виталноста и му ја исцелува енергијата. Таа седи до нејзиниот сопственик додека не почувствува дека е полна со негативна енергија и потоа тивко си заминува.
Мачката е единствениот цицач што може нормално да функционира по исцелувањето на вибрациите. Исто така, не смеете да ја сопирате мачката кога ќе одлучи да се тргне од вас, бидејќи тоа значи дека ја презела сета ваша енергија и сега мора повторно да се „наполни“.
Кучињата се нашите ангели чувари и нѐ заштитуваат од болести. Тие честопати делуваат како сунѓери. Тие ги апсорбираат сите негативни вибрации што се насочени кон нивните сопственици, без разлика дали станува збор за завист, омраза или лутина. Кучињата се чувари и заштитници во вистинска смисла на зборот.
Кучињата се отпорни на негативните вибрации, меѓутоа ако постојано се болни или покажуваат знаци на депресија, треба да размислите дали сѐ е во ред во вашето семејство и животен простор. Кучињата се добро ускладени со енергијата на нивните сопственици.
Гледано од астрален и духовен аспект, потребата за куче или мачка има длабоко космичко значење што влијае на нашата психологија. Па, какво духовно значење има чувањето куче и мачка?
Духовното значење на чувањето мачка
Астролошки гледано, мачката ја претставува месечината. Месечината дава ментална благост, добрина и ги претставува тајните на светот. Децата и возрасните најчесто сакаат да имаат мачка кога сите работи во нивниот живот се надвор од рамнотежа. Мачките се многу организирани и можат да ви послужат како пример.
Кога децата сакаат да чуваат мачка, тоа може да има многу значења, но најчестото е тоа дека сакаат да почувствуваат космичка блискост со друго битие. Децата на возраст од 2 до 3 години се силно поврзани со универзумот и желбата за мачка значи дека сакаат да ја задржат таа врска, дури и откако ќе пораснат и ќе ги преземат сите улоги што би требало да ги играат во телото на возрасен човек. Понекогаш, тоа може и да значи дека на детето му недостасува емоционална храна во семејство и потребна му е емоционална поддршка, а мачката би можела да му го даде тоа.
Кога станува збор за возрасните, желбата за мачка може да се јави во различни ситуации кога се чувствуваат емоционално празни или кога им треба силна духовна присутност околу нив.
Духовното значење на чувањето куче
Кучето ја претставува енергијата на сонцето. Кога детето сака да чува куче, тоа е знак дека е подготвено за животот. Кучето ќе може да ги подобри неговите креативни способност. Тоа исто така може да значи дека детето поседува уметничка страна и сака да го ослободи уметникот во себе. Децата што сонуваат за кученце, сакаат да бидат забележани и да ги развиваат своите таленти за да ги изненадат и воодушеват другите.
Ако возрасен човек посака да чува куче, тогаш време е да го промени својот живот. Сонцето е енергија во која сакаме да нурнеме кога ништо не ни оди од рака и немаме волја за живот. Постои прекрасна поврзаност помеѓу кучињата и луѓето, бидејќи кучето и неговиот сопственик можат меѓусебно да се разберат на најдлабоките можни начини.
Дозволете му на срцето да го одбере вашиот најдобар пријател. На тој начин ќе бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст