| четврток, 6 декември 2018 |

Не запира да трепка алармот на загаденост во главниот град, како да се „спасите“ барем малку ќе ви помогнат овие совети

Не запира да трепка алармот на загаденост во главниот град.

Скопјани синоќа легнаа а утринава се разбудија со воздух кој е загаден и ги поминува границите на дозволени ПМ 10 честици.

Во моментов мерните станици покажуваат 80 микрограми на метар кубен во Центар, во скопско Лисиче нивото е над дозволено и покажува 270 микрограми на метар кубен, Ректорат 165, Карпош 80.

Меѓутоа не е само Скопје. Загадено е насекаде.

Загадено е во Миладиновци. Таму станиците на загаден воздух регистрираат в моментов 231µg/m3.

Во Тетово исто така не се дише а воздухот таму покажува загаденост од 151 µg/m3. Куманово 66 µg/m3 , а Струмица 142 µg/m3.

До кога мерните станици ќе го палат и гасат алармот за рекордната загаденост во државата, не се знае. Засега мерките не вродуваат голем плод.

Скопскиот градоначалник повторно кажа дека автобусите бесплатно ќе возат, а министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

Колку е загденоста на воздухот, можете да следите овде.

Ви даваме и неколку докторски совети за „спас“ од аерозагадувањето:

Д-р Пејковска ги предлага овие мерки:

1. Следете го нивото на загадување во вашето населено место и доколку е над дозволените граници, надвор движете се само доколку е неопходно и носете маска со филтер.

2. Избегнувајте движење, трчање и вежбање во периодите кога нивото на загаденоста на воздухот е високо. Потребно е нашите читатели да знаат дека загадувањето на воздухот во текот на денот е највисоко во периодот од 11-18 часот, па затоа доколку планирате какви било активности најдобро е истите да се извршат рано наутро или доцна навечер.

3.Избегнувајте физичка активност во близина на сообраќајници со голема концентрација на возила, особено во периодите со погуст сообраќај. Познато е дека прометните автопати го загадуваат воздухот во пречник од 1км.

4.Формирајте здрави навики. Не користете автомобил доколку се работи за блиска дестинација. Препорачливо е пешачење или возење велосипед.

5. Не смее да се гори отпад бидејќи во голем процент придонесува за загадување на воздухот.

6. Не користете фосилни горива(нафта, прегорено автомобилско масло, јаглен, ќумур и сл.) за загревање на ваште домови.

7. Не дозволувајте пушење во просториите во кои престојувате.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top