| четврток, 6 декември 2018 |

Злоупотребени податоците на 6 милиони корисници на „Фејсбук“ по грешка

Телефонски броеви и e-mail адреси на околу шест милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук биле изложени на други корисници, а виновник за тоа е софтверска грешка, соопштија од Фејсбук, јавува „Орбис“

Тие преку соопштение велат дека проблемот бил поврзан со нивната алатка „Преземи ги твоите информации“. Тие што сакале да дојдат до други информации требало само да ја користат алатката и да имаат пристап до податоци кои инаку не би требало да бидат достапни.  Фејсбук соопшти дека преку e-mail ќе ги извести корисниците чии информации биле погодени од проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top