Анџелина Џоли (42) и Џенифер Анистон (48) не биле во иста просторија од доделувањето на наградите „Избор на критиката“ во 2015 година, а минатиот викенд двете се појавија на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во Лос Анџелес.
Анистон намерно го пропушти позирањето на црвениот килим за да ја избегне Џоли, а јавноста смета дека таа е виновна за распагањето на бракот со актерот Бред Бит (54).
Организаторот се погрижи двете холивудски глумици да седат што подаелку една од друга, но начинот на кој Џоли ја игнорирала поранешната сопруга на својот сега веќе поранешен маж, ја разбесни јавноста.
Анистон и комичарката Карол Брунет беа презентерки на една од наградите. И додека Анистон говорела, пред да ја додели наградата, Џоли од чантата извадила огледалце и почнала да ја поправа шминката. Нејзиното однесување ја шокираше Дакота Џонсон (28), а изразот на нејзиното лице кое успеале да го уловат фотографите стана апсолутен хит на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст