| четврток, 6 декември 2018 |

Големи протести во Рим поради невработеност

Италија ја тресе економска криза веќе подогло време, но и бројот на невработените лица се повеќе се зголемува. Денеска во Рим се одржаат големи протести на кои учествуваат повеќе илјади лица кои протестираа поради рекордната невработеност и бараа владата да го реши тој проблем.

Собирот е во организација на трите најголеми синдикати во Италија и е прв поголем протест од таков вид, откако на должност стапи коалициската влада.

Стапката на невработеност во Италија, во април достигна рекорд од 12 проценти, додека меѓу помладите од 24 години е дури 40 проценти. Според организаторите денес се собраа дури 100.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top