| четврток, 6 декември 2018 |

Харадинај не доби американска виза, задоцнил со апликацијата или казна за непослушност

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нема да патува во САД, бидејќи тамошните власти одбиле да му издадат влезна виза.

Тој требаше да отпатува за САД и на 11 јануари да биде гостин на настан организиран од командантот на националната гарда на Охајо Тимоти Е. Ор.

– Премиерот Харадинај беше поканет од генералот Ор на настанот, но жалиме што не можеше да биде со нас, изјави портпаролот на гардата на Ајова, Грег Хапуд.

Според него, образложението е дека посетата не може да се реализира зашто поканетиот гостин не добил виза.

Наместо Харадинај на настанот ќе учествува првиот потпретседател на косовската влада, Беџет Пацоли.

Како што пренесува онлајн изданието на прштинскиот весник „Експрес“ Харадинај не добил виза од причини што неговото барање оди преку постапка за барање виза што важи за поранешни припадници на Ослободителна војска на Косово.

Премиерот Харадинај, преку Фејсбук, објави дека не добил виза да оди во Америка.

Медиумите тоа веднаш го коментраа како казна со која САД го дисциплинираат „непослушниот премиер кој се спротивставува на она што го предлагаат Американците, посебно заради обидот да го укине Специјалниот суд “.

Познатиот косовски политички аналитичар Азем Власи смета дека кога САД одбиваат на еден премиер да му дадат виза, тоа значи дека „светската супер сила не сака да го види на нејзина територија“.

Од канцеларијата на премиерот изјавија дека на Харадинај не му била одбиена виза поради политички причини, туку поради тоа што тој аплицирал доцна. Неговот советнк Еролд Белегу додаде дека Хараднај виза ќе добие до 4 февруари за да присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон.

Амерканската амбасада во Косово претходно предупредуваше дека укинувањето на Специјалниот суд, што Харадинај го поддржува, ја изолира земјата идентично како и одбивањето да се ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

За разлика од Харадинај, тројцата пратеници Блерта Делиу-Кодра, Слободан Петровиќ и Арменд Земај ќе патуваат за САД, откако добиле визи и имаат покана да присуствуваат на молитвениот појадок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top