| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана посетата на Харадинај на САД, не добил виза

Посетата на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, во САД беше откажана поради тоа што не му беше издадена виза, потврди официјален претставник од Националната гарда во Ајова за РСЕ, цитирана од Н1.

На 11 јануари, Харадинај требаше да присуствува на настан, организиран од командантот на Националната гарда во Ајова – Тимоти Е. Ор.

„Премиерот Харадинај беше поканет од генералот Ор да присуствува на овој настан, но жалиме што не можеше да добие виза и да биде со нас“, рече полковникот Грег Хапуд, портпарол на Гардата на Ајова.

„Причината беше дека посетата не може да се реализира и ние не можевме да добиеме повеќе информации“, рече Хапгуд.

Според него, наместо Харадинај, на овој настан ќе присуствува заменик-премиерот на Косово, Беџет Пацоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top