ОВЕН
Работа – Добар почеток во оваа недела, што се однесува до деловниот план – кон средината на неделата мали турбуленции, но на крајот од неделата се ќе се стабилизира.
Љубов -Во љубовта многу добро ви оди оваа недела, задоволни сте, среќни и исполнети.
Здравје -Добро се чувствувате.
БИК
Работа – Желбата за напредок е посилна од сегашните можности и изразувате незадоволство од ситуацијата во која сте.
Љубов – Оваа недела ќе се запознаете со личност која ќе ве освои со својот харизматичен изглед.
Здравје – Можна настинка
БЛИЗНАЦИ
Работа – Важно ви е да се докажете, но исто така ви пречат многу работи кои се однесуваат на работата, а тоа не можете да го кажете….водете се од онаа страта….молчењето е злато.
Љубов – Тивко засолниште ви е потребно во овој период.
Здравје –Повеќе вежбајте.
РАК
Работа – Се чини дека сте погрешиле во некој чекор, кога е деловниот аспект во прашање и сега имате чувство дека не работите како што треба. Вратете се неколку чекори назад…
Љубов – Не сте заљубени, но сте среќни…
Здравје – Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа – Работа и само рабата… и оваа недела. Минатата година работевете многу, а кратката пауза добро ви дојде. Само така продолжете.
Љубов – Мислите дека сте заљубени, но сеуште не сте сигурни, бидејќи не сакате да го разнишате егото.
Здравје -Добро се чувствувате
ДЕВИЦА
Работа – Уморни сте од работата, но емотивната страна ви дава сила и на ова поле, така што имате голем воља да ги завршие работите.
Љубов – Партнерот ви е навистина најголема сила во овие тешки моменти.
Здравје – Можна настинка.
ВАГА
Работа – Еден колега ви работи зад грб, бидете внимателни од озборувања и интриги кои можат да се рашират низ фирмата.
Љубов – Илузиите го прават вашиот живот поубав, затоа сте вие секогаш заљубени… па така и оваа недела.
Здравје – Јадете повеќе овошје.
ШКОРПИЈА
Работа – Деловните обврски се зголемија во овој период, а вие иако сте работохолик, имате впечаток дека сè ви е преку глава. Направете кратка пауза и подгответе се за пат.
Љубов – На љубовно поле одлично, како и скоро секогаш.
Здравје – Внимавајте од настинки.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Добро ви оди на деловн план оваа недела, имате можност да се покажете во вистинското светло веќе на почетокот од годината, искористите го тоа.
Љубов – Во љубовта мали турбуленции, бидејќи партнерот им дава друго значение на вашите зборови.
Здравје – Добро.
ЈАРЕЦ
Работа – Имате нов план за подобрување на финансиската ситуација што веќе е доволно добро, но внимавајте на љубоморните колеги.
Љубов – Вашиот партнер е вистински партнер, на емотивен и деловен план.
Здравје – Главоболка
ВОДОЛИЈА
Работа – Одморот ви одговараше повеќе од вообичаено, но малку сте станале мрзеливи што не е добро за вашата работа.
Љубов – Емотивно сте исполнети и тоа ви дава простор за фантазирање.
Здравје – Повеќе пешачете.
РИБИ
Работа – Можноста за нова работа е нова добра прилика и за вас. Годините на стагнација ве променија, но вие сте всушност личност која сака да работи.
Љубов – Партнерот можеби нема доволно разбирање за работата што ја прифаќате, но сепак имате добра поддршка што и да одлучите.
Здравје – Добро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


