| четврток, 6 декември 2018 |

Почина еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија

На осумдесетгодишна возраст денеска во Тирана почина Павли Борис Никола, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија.

Роден е во селото Врница, област Голо Брдо, каде завршил основно образование, а потоа се дообразувал и работел во главно во Тирана.

– Со неговите дела и активност помогна многу во негувањето на македонските обичаи, фолклор, традиции и нивното пренесување кај помладите генерации на Македонци во Република Албанија. Иако целиот свој живот го мина надвор од родното село, тој никогаш не го заборави, често доаѓаше да го посети, а напиша и „Монографија за Врнца“, објави електронското издание на единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“.

По повод петгодишнната од основањето на Македонското друштво „Илинден“ на Павли Никола му е доделена благодарница „Илинден“ за придонесот во заштитата на македонскиот идентитет, култура и традции.

Сочувство до фамилијата Никола упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, како и редакцијата на весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top