Албанските медиуми почнаа да објавуваат и да шпекулираат со детали од договорот што СДСМ и Зоран Заев го подготвуваат со Грција. Албанскиот портал InfoShqip пишува дека дошол до информации добиени од сигурен извор во Грција, со детали за договорот меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.
Во документот се наведува дека новото име ќе биде Република Нова Македонија, додека скратената верзија ќе биде Нова Македонија.
Во документот, исто така, стојат и решенијата за прашањата со црквата, јазикот и идентитетот, информира InfoShqip.com
Во продолжение порталот во целост го нуди документот на македонски, англиски, грчки и албански јазик.
Име/name: Република Нова Македонија (мк-кир) – Republika Nova Makedonija (mk-lat) – Republic of New Macedonia (eng) – Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία (gr) – Dimokratia tis Nea Makedonia (gr-lat)
Скратен назив/short name: Нова Македонија – Nova Makedonija (mk), New Macedonia (eng), Νέα Μακεδονία (gr).
Јазик/language: СОВРЕМЕН Македонски јазик – Sovremen Makedonski jazik (мк), MODERN Macedonian/Makedonski (eng), Σλαβομακεδονική γλώσσα – Slavomakedoniki glossa (gr).
Националност/Nationality (Државјанство): Македонско / New Macedonian.
Црква/Church: Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија (мк), New Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbishopric (eng), Ορθόδοξη Εκκλησία της Νέα Μακεδονίας – Αρχιεπισκοπή της Οχρίδας (gr).
Наредниве 2 точки не треба да се предмет на преговори и договори, тие се производ на самоопределување на луѓето и колективите/these 2 issues should not be included in the contract:
Идентитет на македонскиот народ/Ethnic identity: Македонец/Македонка/Македонци(мк), Ethnic Macedonian/Ethnic Macedonians(eng), Σλαβομακεδόνες/Slavomakedones (gr).
Идентитет на грците кои регионално се идентификуваат како македонци/Identity of Greek Macedonians: Грчки македон/Грчки македони(мк), Greek Macedon/Greek Macedons (eng), Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones (gr).
InfoShqip.com известува дека документот не е официјален и дека за истиот порталот не носи одговорност за неговата оригиналност. Документот е земен од грчки извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.