
Непознат сторител синоќа извршил тешка кражба во куќа на улицата Зборска во Битола, сопственост на 52 годишен битолчанец при што се укаредени две пушки, пари и златен накит.
Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во периодот од 20.05 до 21.10 часот.
„Сторителот со употреба на подесен алат влегол во куќата и одзел една пушка ИЖ 27 „Бајкал “, една пушка „Бровинг, Максус“ и една метална каса во која имало околу 2.000 евра во разни апоени, околу 4.000 канадски долари, околу 700-1.000 американски долари, околу 130.000 денари во разни апоени и поголема количина златен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 700.000 денари“, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


