| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните реагираат: На средно Водно не се почитува забраната за возила, Шилегов не реагира

На социјалната мрежа фејсбук граѓаните реагираат што на средно Водно не се почитува забраната и понатаму се оди со автомобили и паркинзите се полни.

-Ако може некој да сподели, да ги поздрави градот, Шилегов и оние дечките у плави униформи, не се сеќавам веќе што им беше функцијата.– напиша граѓанин на Фејсбук, поставувајќи фотографија од полн парк на средно Водно.

Град Скопје почнувајќи од 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top