Публикацијата Аксиос тврди дека добиле увид во приватниот распоред на претседателот Доналд Трамп кој во последно време стекнал многу лоши навики и се помалку е во Овалната канцеларија во Белата куќа каде треба да одржува важни состаноци.
Тој исто така сака добро да се наспие, па работниот ден го започнува во 11 часот со работен појадок во Рузвелт салата во Белата куќа со соработници и политичари. Во 12 часот одржува втор сет на состаноци, но веќе во 13:30 повторно се враќа во својата резиденција во Белата куќа зад затворени врати.
Се верува дека во тоа време претседателот Трамп гледа телевизија и тоа програми кои се во негова полза како и реални шоуа, а исто така виси на неговиот Твитер профил и објавува различен вид на пораки, најчесто гневни твитови против неговите ривали и критичари.
Со поголем број на паузи работниот ден на претседателот Трамп завршува околу 16:30 часот што е голема разлика од првите денови во кои тој стапи на функцијата. Тогаш според Аксиос работниот ден му почнувал многу порано и завршувал подоцна.
Ваквите тврдења на публикацијата се негирани од прес службата на Белата куќа од каде посочуваат дека Трамп и додека е во својата резиденција исто така врши работни задачи, односно има телефонски повици и консултации за различни политики.
Трамп како претседател е и рекордер по бројот на денови поминати на неговиот личен имот на ресортот Мар а лаго на Флорида надвор од Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст