| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повеќе социјални мрежи и актерска кариера: 7 работи од кои треба да се откаже Меган Маркл кога ќе се венча со Хари

Маркл се прослави со улогата во серијата „Костуми“ (Suits), но откако ќе стапи во брак со принцот Хари, таа ќе мора да направи значителни промени во својот живот, меѓу кои и да се збогува и со серијата и со нејзината кариера како актерка.

1. Социјални мрежи

Кралското семејство не е активно на социјалните мрежи. Иако имаат официјални профили, тие не се лично нивни. Целта на ова е да се зачува нивниот углед и да се заштити нивната приватност.

2. Едно од нејзините кучиња

Ова е можеби најтажната промена. Иако ќе може да го земе едното куче со неа, ќе мора да го остави другото бидејќи е премногу старо за селење.

3. Нејзината кариера

Маркл се прослави со улогата во серијата „Костуми“ (Suits). Сега таа ќе треба да се збогува и со серијата и со нејзината кариера како актерка.

4. Нејзиниот веб-сајт

Неодамна Меган го затвори својот блог „The Tig“ по 3 години работа на него. Како збогување со своите читатели таа напишала:

– Она што започна како проект од страст еволуира во неверојатна заедница од инспирација, поддршка и забава. Ми ги направивте деновите поубави и го исполнивте ова искуство со многу радост.

5. Нејзината линија брендирана облека

Не секој знае дека Меган има дизајнирано облека со компанијата „Reitmans“. Откако ќе стане член на кралското семејство, ќе треба да се откаже и од ова хоби.

6. Не може да биде политички активна

Претходно Меган била активна во полето на политиката и социјалните проблеми. Сега таа ќе треба да се откаже од нејзината добротворна работа со Обединетите Нации, како и од нејзината улога во организациите „World Vision Canada“ и „One Young World“.

7. Нејзината титула

Ова можеби е позитивна промена и сон за многу жени. Кога ќе стане дел од монархијата, таа ќе добие своја формална титула. Луѓето ќе ѝ се обраќаат или со Нејзиното кралско височество принцезата од Велс, или Војвотката од Сасекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top