| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со честитка за Божиќ: Повеќе љубов и помалку омрза, Македонија да оди само напред

Христос се роди!!! Нека е за многу години Божиќ. Да донесе одлично здравје за секого, многу успеси и радосни моменти, мир и среќа во секој дом, напиша поранешниот лидер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

– Бог да и помогне на Македонија и на секој од нас кои живееме во неа, и оние кои се иселени. Да бидеме помудри и подобри луѓе. Да се помагаме еден со друг повеќе, повеќе љубов и помалку омрза да создаваме. Македонија да оди напред и да има успеси, како политички така и економски, пишува Груевски во својата четитка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top