| четврток, 6 декември 2018 |

Почина американскиот астронаут Џон Јанг

Американскиот астронаут Џон Јанг, деветтиот човек кој стапна на Месечината во 1972 година, почина на 87-годишна возраст од последици од воспаление на белите дробови, соопшти денеска НАСА.

Тој починал во петокот ноќта во својот дом во Хјустон.

За време на својата долга кариера, која траела повеќе од 40 години, Јанг двапати бил на Месечината, а шест пати во вселената.

Тој е единствен астронаут кој пилотирал и бил командант на четири различни всленески летала.

Бил поморски офицер, тест-пилот и астронаутски инженер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top