| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 11 лица загинаа во лавина во индискиот дел на Кашмир

Најмалку 11 лица загинаа од лавина во индискиот дел на Кашмир, соопштија локалните власти.

Два автомобила биле затрупани од лавина, која паднала во реонот на Садха Топ во округот Купуара. Екипи на полицијата, армијата и спасувачки служби извадиле 11 мртви тела, меѓу кои има пет жени и двегодишно дете.

Во спасувачката операција биле спасени две лица.

Лавините се чести појави во хималајскиот реон Кашмир, кој е разделен меѓу Индија и Пакистан. Во 2012 година лавина во пакистанскиот дел на Кашмир уби 140 луѓе, вклучувајќи 129 војници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top