| четврток, 6 декември 2018 |

Змијанац: Политичка злоупотреба на деца преку верски традиции од страна на актуелната власт

Драги Змијанац, извршен директор на Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“, реагираше за злоупотребата на деца во црковните процесии организирани од новоформираното здружение „Бадникови поворки“, а поддржани од повеќе актуелни градоначалници.

Змијанац смета дека станува збор за политичка злоупотреба и користење на деца за себепромоција:

„Политичка злоупотеба на деца преку верски традиции од страна на актуелната власт и нивно користење за себепромоција. Во црковни и верски цели, синхронизирано во оркестриран хор со политичарите, оваа идеја е многу опасна и тенденциозна“, коментираше Змијанац во изјава за АКО.мк и упатува сите да ја погледнат црковната процесија во Скопје за т.н. Бадникови поворки, во која беа инволвирани над 7.000 деца и се ќе биде јасно.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пак, изјави денеска дека со Бадниковата поворка не се извршила злоупотреба на деца во религиозни и политички цели. Според него, станува збор за иницијатива, која потекнувала од родителите, а градот со обезбедување превоз за децата само излегол во пресрет на нивните барања.

Шилегов по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје запрашан дали со тоа не се нарушува секуларноста на државата тој посочи дека не може да стане збор за тоа, бидејќи тоа е граѓанска иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top