Отец Пимен преку социјалната мрежа фејсбук им го честиташе Божик на сите граѓани. Тој напиша:
„Христос се роди!
Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани.
Христос се роди и стана човек за човекот да се обожи.
Христос се роди за да го измири Небото со земјата.
Христос се роди и за да се измири син со татка и со брата брат.
Христос се роди за да го препознаеме Него во секое новороденче.
Христос се роди за да ни каже дека не мора на сила да го сакаме.
Христос се роди за да ни покаже дека ако го сакаме на сила тоа не е вера.
Христос се роди за сите и за сè!“, се вели во честитката на отец Пимен.
Статусот кој Отец Пимен го напиша на социјалната мрежа Фејсбук, наиде на внимание и кај медиумите од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


