| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска Арабија поради протести уапси 11 принцови

Властите во Саудиска Арабија приведоа денеска 11 принцови кои протестираа пред Кралската палата во Ријад, противејќи се на укинувањето на месечните надомести за нивните животни трошоци.

Принцовите се собрале на протест барајќи укинување на кралскиот декрет со кој е запрено плаќањето на сметките за струја и вода на членовите од кралското семејство.

– Кралот и нареди на Кралската гарда да интервенира и тие се притворени и сместени во затворот Ал Хаир, јужно од Ријад, каде чекаат судски процес, наведуваат саудиските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top