
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа литургија по повод големиот празник Рождство Христово – Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г.. Стефан.
На литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
По завршувањето на литургија тие на граѓаните со православна исповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа, мир и благосостојба.
– На верниците им го честитам големиот христијански празник Божик со поздравот Христос се роди, Навистина се роди. Се што посакувам за себе и своето семејство посакувам и за сите добро здравје, радост среќа и успеси. Како што сме сплотени, единствени и соплидарни за време на празниците да бидеме такви и во текот на целата година, но најмногу од се, да си ја сакаме, почитуваме и чуваме државата Република Македонија, изјави Иванов.
Кај нив годинава паричката се паднала во домот.
– Очекувам дека во текот на оваа година и ние кои што сме избрани да работиме на подобрување на квалитетот на животот на луѓето во целост ќе ги исполниме нивните очекувања. 2018 е година во која што конечно политички ќе ја стабилизираме земјата за да може да почнеме да ги имплементираме сите овие работи за кои што зборувавме во текот на изборните кампањи, рече градоначалникот Шилегов.
Паричката од бадниковото лепче кај Шилегови се паднала кај синот.
Во семејството на премиерот Зоран Заев, кое божиќните празници ги поминува во Струмица, паричката од бадниковата погача се паднала кај Господ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


