Во текот на 2017 година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, полициски службеници откриле 1.908 лица кои управувале моторни возила без положен испит и валидна возачка дозвола.
Во просек, месечно биле откривани по 150 „диви“ возачи, односно по најмалку пет дневно.
Најголем број од нив управувале патнички возила, но и комбиња, камиони и минибуси. Дел од нив биле и учесници во јавниот превоз на патници. Најчесто, станува збор за помлади лица на возраст од 15, 16 до 35-40 години. Меѓу нив и такви кои го повторувале прекршокот.
Минатата година, исто така, откриени се и 1279 возачи-почетници, кои не се придржувале кон законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, односно управувале возила со поголема моќност или без придружник.
Во текот на 2017 година биле откриени и санкционирани 1518 лица кои управувале возила со истечена регистрација, до и над 30 денови. Глобата за овој вид прекршок се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово и годинава продолжува со засилени контроли во чие средиште ќе бидат возачите кои управуваат моторни возила без возачки дозволи, возачите –почетници кои не се придржуваат на законските ограничувања и возачите кои управуваат нерегистрирани возила.
Исто така, ќе има засилени контроли за откривање на возачите кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот и посебно оние кои вршат јавен превоз на ученици и други граѓани, како и технички неисправните возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


