Фото: Кичево.мк
Селаните од кичевско Вранешница, кои утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, беа сведоци, на како што го нарекуваат „Божјо чудо“.
Очевидците се сеуште возбудени и го коментираат како божја работа настанот кога во црквата посветена на Свети Никола, пред дваесетина жени кои купувале и палеле свеќи по повод големиот празник Духовден, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески.

Црквата иако е стара, била целосно обновена пред околу 7 години, со народни и со црковни пари. Никој не памети дека на самиот објект се појавил некој проблем кој би предизвикал оштетување на фрескоживописот.
„Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.
Додека ова се случувало, надвор сеуште траел протестот на селаните, па така повеќе луѓе се собрале со свои очи да се уверат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


