| четврток, 6 декември 2018 |

Следува распродажба во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона вечерва го потврди доаѓањето на бразилецот Фелипе Кутињо од Ливерпул за сума од 160 милиони евра.

Меѓутоа, доаѓањето на бразилецот на Камп Ноу ќе значи и крај за предстојот на голем дел фудбалери, бидејќи каталонскиот гигант поради финансискиот фер плеј е приморан да продава.

Шпанскиот фудбалски експерт Гилем Балаг тврди дека со неговото доаѓање Барселона ќе мора да продава. Според него осум фудбалери мора да го напуштат клубот.

„Барселона нема да може да троши толкави пари во иднина. Поради Кутињо мора да продаде осум фудбалери до лето. Сигурен сум дека голем број фудбалери ќе заминат.“ – изјави Балаг и наброи имиња на фудбалери кои сигурно заминуваат.

„Хавиер Маскерано, Алекс Видал, Денис Сарез, Пако Алкасер и Арда Туран веројатно веќе во јануари ќе го напуштат клубот, додека уште неколку фудбалери ќе заминат на лето.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top