Кина воведе органичувања за испораката на нафта и друга стока за Северна Кореја во согласност со санкциите на Обединетите нации против Пјонгјанг. Официјален Пекинг ќе го ограничи извозот на сирoва нафта и нафтени деривати и ќе забрани продажба на челик, индустриски машини и возила, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за трговија.
Предвидена е забрана и за увоз на храна, машини и други производи од Северна Кореја. На кинеските компании, според најновите ограничувања, ќе им биде дозволено да извезат највеќе четири милиони барели нафта и 500 илјади барели нафтени деривати годишно, но забрането им е да ги снабдуваат воените програми на Пјонгјанг.
Ваквите мерки следат откако Советот за безбедност на ОН минатиот месец едногласно усвои нови санкции со кои ја казнува Северна Кореја за тестирањето на интерконтиненталната балистичка ракета на 29 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст