| четврток, 6 декември 2018 |

Спасена македонска планинарка на Олимп, паднала од карпа

Неколкучасовна операција за спасување се случувала денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела паднала од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема.

Повредената со хеликоптер „Супер Пума“ на грчкото воздухопловство била пренесена во болницата во Лариса.

Според информациите од грчките спасувачки тимови, состојбата на повредената македонска планинарка, е сериозна.

Засега се знае само дека таа се искачувала на Олимп со уште двајца планинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top