| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Јас не сум паметен, јас сум гениј

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е „многу стабилен гениј“ по објавувањето на контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.

„Всушност целиот мој живот, најдобрите особини кои ги имав се менталната стабилност и тоа што сум многу паметен. Почнав од многу успешен бизнисмен, преку телевизиска ѕвезда и до претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа ме опишува не како паметен, туку како гениј… и тоа многу стабилен гениј!, напиша Трамп на Твитер.

Контроверзната книга на авторот Мајкл Вол стана бестселер веднаш по нејзиното објавување. Во неа Трамп е опишан како лажливец и неподготвен за победа на изборите во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top