Најпознатиот светски произведувач на цигари Филип Морис интензивно работи на иднина без чад од цигари. Во блиска иднина фабрика најави дека планира целосно да престане да произведува цигари, а на корисниците ќе им се нуди помалку штетна алтернатива наречена IQOS (I Quit Ordinary Smoking). Се работи за технолошка новина која би требало целосно да ги промени животите на пушачите.
Како што истакнуваат во Филип Морис, предност на овој производ е во тоа што не чади и при тоа не создава непријатен мирис кој останува на облеката и телото односно не произведува пепел.„Наша амбиција е да престанеме да продаваме цигари во Велика Британија. Општеството очекува од нас да се однесуваме одговорно и ние го правиме токму тоа, создавајќи иднина без чад од цигари“, порааа од компанијата.
Филип Морис во развојот на IQOS вложува огромни пари-од 2008 година вложил повеќе од три милијарди долари во развој на производ кој би требало да биде помалку штетен од класичните цигари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст