| четврток, 6 декември 2018 |

„Меѓаши“: Актуелната власт врши политичка злоупотреба на деца преку верски традиции

Драги Змијанац, извршен директор на Прва детска амбасада во светот ,,Меѓаши“, реагираше за злоупотребата на деца во црковните процесии организирани од новоформираното здружение ,,Бадникови поворки“, а поддржани од повеќе актуелни градоначалници.

Змијанац смета дека станува збор за политичка злоупотреба и користење на деца за себепромоција:

,,Политичка злоупотеба на деца преку верски традиции од страна на актуелната власт и нивно користење за себепромоција. Во црковни и верски цели, синхронизирано во оркестриран хор со политичарите, оваа идеја е многу опасна и тенденциозна“, коментираше Змијанац во изјава за АКО.мк и упатува сите да ја погледнат црковната процесија во Скопје за т.н. Бадникови поворки, во која беа инволвирани над 7.000 деца и се ќе биде јасно, вели Змијанац.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top