| четврток, 6 декември 2018 |

Солунскиот митрополит и министерката за Македонија и Тракија: Македонија е Грчка

Солунскиот митрополит Антимос и министерката за грчките области Македонија и Тракија изјавија дека Македонија е грчка, за време не денешната прослава на Водици.

Коља-Царуха, која е од редовите на Независни Грци, како министерка, во Солун ја претставуваше Владата на осветувањето на водите и фрлањето на крстот по повод празникот Водици. Говорејќи во името на нејзината партија, рече дека Македонија е грчка и дека Македонија е Грција.

– Ние, Независни Грци и Панос Каменос и како лидер на партијата и како министер за одбрана, и јас лично како министер за Македонија и Тракија, веруваме дека Македонија е грчка, дека никој нема право да го користи ова име за свои цели. Затоа ќе се бориме, рече Коља-Царуха, во изјава за грчките новинари.

И митрополитот Антимос изјави дека Македонија значи Грција и Грција значи Македонија.

Умерена и пријателска порака испрати само градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

– Ниту јас, ниту митрополитот не ја изразуваме грчката надворешна политика, ниту пак ја одредуваме. Јас едно знам, дека со нашите соседи треба да имаме добри односи, им изјави солунскиот градоначалник на солунските новинари.

Во врска со закажниот протест на 21 јануари во Солун против употреба на терминот Македонија во решението за името, Бутарис вели дека тие не го изразуваат јавното мислење.

– Јасно дека сум против и имам кажано одредени лоши зборови за протестите. Бидејќи овие протести не го изразуваат јавното мислење. Не може секој да пишти и да вика на плоштадите и по улиците, вели Бутарис, објаснувајќи дека во моменти кога започнуваат преговорите, не треба да има такви радикални перцепции со демонстрации и слично, рече Бутарис и кажа дека во Скопје не се организираат протести.

Солунскиот митрополит, од друга страна, повика на заеднички протест за да може да се постигне успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top