Стечајниот управник на „Фени” Мирослав Анастасиевски преку оглас бара понуди за преработка на никелова руда.
Огласот бил објавен во земјава и странство, врз основа на одлука на Одборот на доверители, како и фактот дека „Фени индустри” АД Кавадарци располага со машини и работници за преработка, но и соодветни дозволи. Со огласот се повикуваат домашни и странски правни лица, кои треба да докажат дека исполнуваат одредени услови.
„Всушност за „Фени” да не стои така додека се расчистува стечајот, се бара некој што има достапност до руда, за да се преработи таа руда и да не се губи време, бидејќи законот за стечај е таков, додека не се направи план за реорганизација.
Работниците и сега се ангажирани додека се одржува технолошки минимум, се прават ремонти и се подмачкуваат машини, никој не е отпуштен од работа. Сакаме да го држиме комбинатот во кондиција“, вели тој во изјава за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст