На 21 јануари во Солун ќе се организира протест од страна на грчките здруженија што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во решението за спорот за името.
Кампањата под името „Македонија значи Грција“ ќе протестира, собира потписи и ќе бара референдум за неприфаќање на какво било име со терминот Македонија.„Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.
На интернет-страницата собираат потписи за резолуцијата до грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која што бараат да не се користи терминот Македонија во името на нашата земја, а одат до таму што ќе бараат и рефенредум.
Според грчката телевизија Антена, сајтот во еден момент паднал, поради преголема посетеност, затоа што за само два дена, биле собрани над 130 илјади потписи, од кои 20 илјади за три часа.
– Се забележува голема раздвиженост во прашањето за името за државата на Скопје. Како што изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе се обиде да постигне конечно решение во прашањето за името во следните месеци. Во овој временски период, треба сите Грци да го изразиме нашето мислење за ова сериозно национално прашање и да и го дадеме како дополнително дипломатско оружје на грчката влада, нашиот кристализиран став, да не се користи терминот Македонија во конечното име на Скопје, пишува во повикот за собирање потписи за резолуцијата, што ќе му биде доставена на грчкиот премиер.
Собирањето потписи на сајтот трае до 31 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст