| четврток, 6 декември 2018 |

Петка за Антиќ, Црвена Звезда ја сопре моќната серија на Жалгирис

Перо Антиќ постигна пет поени за нешто помалку од 19 минути игра, а Црвена Звезда ја сопре победничката серија на Жалгирис со триумф од 77:65.

Антиќ погоди само еднаш од поле, за два поени, а додаде уште три поени од четирите слободни фрлања. Звезда го скрши отпорот на Литванците во последниот период, што го доби со 29:20.

Со победата вечерва Антиќ и соиграчите останаа во игра за пласман во Топ-8, иако до крај има уште да се игра. Црвена Звезда има скор од 7 победи и 9 порази. Жалгирис е со биланс 10-6, но вечерва ја прекина серијата од пет победи по ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top