Мирјана Најчевска се повлекува од Советот за реформи во правосудството, објави таа на Фејсбук. Таа испратила писмо до министерот за правда и членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор со кое поднесува оставка на функцијата во ова тело.
Денес го упатив ова писмо до Министерот за правда и членовите на Советот за реформа на правосудниот сектор:
Почитувани членови на Советот за реформа на правосудниот сектор,
со ова официјално поднесувам оставка на членувањето во ова тело.
Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков екпертски тим има влијание врз реформските процеси во правосудството.
Фактички, ова тело нема достап до никакви информации, нема удел во ниту едно реформско решение, и, не учествува во анализите на законите кои се менуваат.
Јас како независен експерт и како универзитетски професор немам намера да служам за залажување на граѓаните и не дозволувам моето име да биде искористено во политичките промени кои се нарекуваат правни.
Да не остане ништо нејасно: поднесувам официјална оставка и изјавувам дека не сум ги видела законските текстови кои се влезени во собраниска процедура или е најавено дека ќе бидат ставени на дневен ред на Собранието (Законот за јавнообвинителска служба, Законот за кривична постапка, Законот за полиција, Законот за извршување, Законот за извршување на санкциите, Законот за јавното обвинителство, Закон за судовите – напиша Најчевска.
Од истата функција, поради скоро исти причини претходно оставка си поднесе и професорот Гордан Калајџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст