| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна синот на позната македонска актерка – се молат македонците во Германија да помогнат во пронаоѓањето

Полицијата во Келн го бара 16 – годишниот Габриел Е. Од Золсток. Тинејџерот исчезнал во вторникот напладне (2. Јануари).

Момчето го напуштило домот околу 2 часот и одтогаш не е видено. Можноста да се работи за самоубиство, не се исклучува во моментов.

Исчезнатото момче е со висина од околу 1.75 см. Тој има кратка руса коса и носи очила. Во времето на исчезнувањето, момчето носело сина маскирна јакна, сиви пантолони, светло кафени чевли и црни ракавици.

На социјалната мрежа фејсбук, Галама откри информација дека исчезнатото дете е всушност син на наша позната актерка, Елизабета Кочовска, која со години живее и работи во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top