| четврток, 6 декември 2018 |

Замрзнати игуани паѓаат од небо, замрзнати ајкули насукани на брегот – ете толку е студено во САД (ФОТО)

Североизтокот на САД е погоден од таканаречената метеоролошка циклонска бомба проследена со силни ветришта и обилни врнежи од снег. На Флорида падна снег по 30 години.


Училиштата и државните институции се затворени, а се очекува температурата и понатаму да паѓа.

До крајот на неделата, како што објави Си-ен-ен, во делови на САД би можело да биде „поладно отколку на Марс“.

Циклонската бомба донесе снегови, мразови, студени и силни ветрови во САД. Во Њујорк и Бостон владее сообраќаен хаос. На Флорида е толку ладно што во предградијата на Мајами замрзнати игуани паѓаат од дрвја како камења.

Фотографиите од замрзнатата Америка се главни во сител светски медиуми.

Скај њуз објави дека на брегот на Масачусетс испливале четири замрзнати ајкули. Најдени се на брегот на ‘ртот Код.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top