Александар Радивоевиќ 25 дена поминал во истата ќелија со монструмот Марко Николиќ, кој лани во јули си ги уби жената и детето, а пред крајот на годината се самоуби пресекувајќи со го гркланот во затвор. Во разговорот за српски Курир раскажува дека последен пат биле заедно на 27 декември, играле монопол, а Марко од нигде никаде ја прекинал играта и рекол: „Подготвен сум да одам кај синот. Дојде време“. Радивоевиќ бил пиштен од затвор утредента, а по два дена на телевизија дознал дека Марко си го пресекол гркланот со стакло.
Плачеше за синот
Кога дојдов во затворот, шефот на блокот ми рече: „Се е ок, супер ти е собата, само има еден марко, кој си ги убил синот и жената. Избегнувај комуникација со него“. Кога влегов во ќелијата, не ме ни забележа. Првпат разговаравме по три дена, останавме сами додека другите затвореници беа на прошетка. Тогаш ми рече дека е оштетен, дека го малтретирале жена му, нејзина другарка, свастиката, дека не му дозволувале да си го гледа детето. Цитирам: „Ме е*еа во мозок четири години“, раскажува Радивоевиќ за Курир.
Сепак, вели, никогаш не кажал дека му е жал што го убил синот.
-Жената само еднаш ја спомна, само тогаш. Сета вина ја префрлаше на Центарот за социјална работа и на сведоците на жената, Рече дека го местеле намерно, дека го пумпале детето против него, дека кога и да требало да го види детето, наводно било болно. Рече дека цела година не го видел. Еднаш многу плачеше и викаше: „Ми недостасува синот, многу ми недостасува синот“. Тоа често го повторуваше. Рече дека нема за што да живее и дека сака да замине кај синот. Никогаш не побара оправдување за она што го сторил и не обвинуваше други, а некогаш запаѓаше во депресија и само молчеше.
На сите во ќелијата им било јасно дека нешто не е во ред со Николиќ.
– Си имаше умислено дека сите доаѓаат за да го набљудуваат него. Често гледаше во една точка и шеташе по два часа околу масата. Потоа ќе се качеше на кревет и ќе гледаше во плафон. Нормално изгледаше додека не му се јавеше некој сјај во очите. Тогаш сфаќаш дека не е нормален, туку психопат.
Радивоевиќ вели дека во нивната ќелија заради Николиќ не смеело да се слуша гласно музика ниту пак да се гледа телевизија.
– Сите се плашевме од него. Беше огромен, јак, како карпа. Навечер не смеевме да спиеме, се плашевме а не не испозаколе. Еден затвореник дури пушти и нокти за да може да се брани, a насекаде криеше пенкала за да може да се брани каде и да го затекне. И мене ме фаќаше страв. Некогаш ноќе ме галеше по косата додека лежев во кревет. Сето тоа го правеше внимателно, без омраза, како да гали дете. Но, сепак, душа немав. Потоа ќе седнеше на кревет и ќе ги склупчеше нозете.
– Последниот ден дојде едно момче, кого жената го обвинила дека сакало да ги заколе неа и децата. Го ставија со нас во соба. Кога влезе, му објаснивме пред Марко да не ги спомнува децата. Но, во еден момент го праша како можел да го убие детето. Мислам дека тоа дефинитивно беше орозот да посегне по својот живот.
Тој додава дека Николиќ имал посилно обезбедување од кој било друг притвореник.
– Кога го зиведуваа од ќелија на прошетка, додека минуваше низ ходникот, сите се тргаа, цел блок. Кога одиме на прошетка, сите нас не води еден полицаец, а него четворица. Инаку, целиот беше со лузни и рани. Градниот кош му беше целиот изгорен од лежење на асфалт на 40 степени кога го апселе. Имаше и дупка од електричен пендрек на деноото рамо, раскажува Радивоевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст