Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во вторник ќе биде во работна посета на Атина, при што ќе има оставри средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос.
„Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе оствари одвоени средби со Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос. На средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија“, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


