Уште две лица ги загубиле животите во бурата којашто беснее во Франција од вторникот вечерта, соопштија властите во четвртокот, со што бројот на жртвите се искачи на три.
Деведесет и тригодишна старица е пронајдена мртва во нејзиниот поплавен стан во областа Исер во четвртокот претпладнето, соопштил портпаролот на локалната служба за цивилна заштита. Подоцна во текот на денот е пронајдено и телот на 50-годишен маж кој настрадал во лавина во покраината Савоја, погранична област со Италија.
Во Савоја, исто така, во поплавата исчезнал пожарникар додека се обидувал да спаси семејство кое останало заробено на покривот од нивниот автомобил опкружен со вода. Колегите го барале до вечерта, соопшти полицијата на департманот.
Истовремено островот Корзика е погоден со пожари кои помогнати од силниот ветер зафатиле површина од 1.650 хектари.
Бурата Елеонора ги погоди Велика Британија, Ирска, Швајцарија, Германија, Белгија, Холандија, Франција и брегот на Шпанија.
Двојка загина во среда кога ги однел голем бран додека стоеле на бран во крајбрежно село во Баскија, Во француските Алпи 21-годишен скијач загина при пад на стебло на скијачка патека во Миријон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст