ВМРО-ДПМНЕ во минатото од 38 проценти невработеност ја намали на 22 проценти , а во иднина не гледам зошто да не ја намалиме од 22 проценти на 10 проценти бидејќи 16 проценти веќе во минатото ја намаливме, односно минатата Влада креираше политики на нови работни места и беа отворени нови 170 илјади работни места, а со нови политики кои што ќе значат модификација на ново настанатата ситуација на пазарот на труд ние можеме многу сериозно да се доближиме до бројката на невработени од 10 проценти и тоа ќе биде предизвик на новата Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, ова го истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски во отвореното студио на МТВ.
-Во моментов ситуацијата во економијата според мое длабоко мислење е алармантна и тоа е ситуација каде што имаме негативен домашен производ од 0,4 проценти во првите три квартали, а ако се следат параметрите кои се основни во економските индикатори во месеците од четвртиот квартал многу јасно може да се види дека бруто домашниот производ на крајот од годината ќе се движи меѓу 0,05 проценти иако ќе повторам ребалансот беше креиран за раст на БДП за некаде 2, 2 проценти за да потоа Владата го намали на 1,6 и тоа пред јавноста пред некоја недела министерот за финансии го потврди дека ќе биде 1,6 за мене лично тоа е невозможно бидејќи за да вие имате ваков раст вие во четвртиот квартал економијата треба да порасне за најмалку 6, 8 проценти. Ако во моментот ги следите јавната потрошувачка, растот на индустриското производство и сите економски индикатори кои што ви ја детерминираат рамката во која ќе се движи растот на БДП вие лесно ќе заклучите дека ако имаме позитивен раст тогаш ќе бидеме задоволни, потенцира Мицкоски.
Тој вели дека уште позагрижувачки е тоа што проектираниот долг кога се проектира тоа се прави врз јавниот долг на БДП на државата и тоа значи дека ако вие сте креирале задолженост од 46, 8 проценти на раст на БДП од 1,6 проценти и го промашите, тогаш не ви е веќе 46,8 проценти туку преку 48 проценти бидејќи БДП вас не ви испорачал толкав раст на кои вие сте го проектирале јавниот долг и ако овој процент го претворите во бројка многу лесно ќе дојдете до промашување од 100 милиони евра.
-Сто милиони евра се сериозна сума на пари кои што некој од некаде треба да ги обезбеди, животот ме научил дека ништо нема за бадиела, се на крајот од денот мора да се плати, а за да се санира сето ова и сите други параметри ние мора да се задолжиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст