| четврток, 6 декември 2018 |

Си најде поволна средина: Фудбалерот на Барселона се понуди во Серија А?!

Турскиот интернационалец, Арда Туран, конечно би можел да ја напушти Барселона.

30-годишниот офанзивец во изминатиот период беше поврзуван со голем број екипи. Најчесто се споменуваше Турција, каде го посакуваа Бешикташ и Галатасарај, но Арда кариерата ќе ја продолжи во Италија.

Тој кариерата би требало да ја продолжи во Милан. Неговиот агент, ги понуди услугите на неговиот клиент кај „Росонерите“ и сега се чека одговор од „Сан Сиро“.

Милан не ги погоди засилувањата следното лето. Клубот е во тешка ситуација, а Арда сосем сигурно би претставувал засилување за продолжението од сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top