Во 2018 година Државниот инспекторат за животна средина планира набавка на опрема за индикативни и споредбени мерења со акредитирана лабораторија за животна средина, воспоставување целосна база на податоци за процена на ризик, отворање нова веб-страница, јакнење на човечките ресурси, како и изработка на стратегија за спроведување на законодавството по плански региони.
Според директорот на ДИЖС, Мирослав Богдановски, буџетот на Испекторатот за 2018 година е зголемен за 60 отсто на 24,7 милиони денари. Посебен акцент е ставен на планирањето и фреквенцијата на инспекциските надзори. Целта е секој индустриски субјект, подлежен на надзор, да направи посебна анализа на ризик со што ќе се оптимизира бројот на надзорите и ќе се дејствува превентивно.
Во 2018 година фокусот на надзорите ќе биде на индустријата што подлежи на А-интегрирани дозволи како цементарница, рафинерија, топланите и големите индустриски објекти, управувањето со отпад и заштитените подрачjа и води.
„Во моментот Инспекторатот располага само со еден водостопански инспектор за целата територија на Македонија. На целата територија на Македонија има 15 инспектори, а на територија на Скопје само три. Планирани се нови вработувања на помлади инспектори за зајакнување на ефикасноста и капацитетот на вршење инспекциски надзори и инспектори со положени лиценци“, изјави Богдановски.
Тој посочи дека граѓаните може да пријавуваат загадувачи, палење оган и опожарување на 193, кој е отворен 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст